Го подготвуваме вашето искуство...

Ексклузивно 23.10 - 30.12.2026
Новогодишен пакет 2027 – 31.12 до 03.01, со двете вечери

Пакетот важи само за термин 31.12.2026 – 03.01.2027, три ноќевања.

Тоа е единствената комбинација на датуми во која ги добивате двете новогодишни вечери заедно со сместувањето. Ако пребарувате други датуми, пакетот нема да се прикаже и вечерите се плаќаат одделно.

Во цената влегуваат трите ноќевања, појадок секое утро и слободен влез во спа центарот. На 31 декември ве очекува гала вечера со шведска маса и неограничени пијалаци, а на 1 јануари прославата продолжува со уште една свечена вечера. И двете вечери свири Група Маестро во живо.

Билетите за двете вечери се веќе вклучени – не треба да ги купувате одделно.

Распоредот на масите го организира хотелот според друштвото со кое доаѓате.

Бројот на соби е ограничен.

Што е вклучено

  • Фиксен термин: 31.12.2026 – 03.01.2027, 3 ноќевања
  • Појадок секое утро
  • Спа центар
  • Новогодишен дочек 31.12: гала вечера, шведска маса, неограничени пијалаци
  • Реприза 01.01: свечена вечера, шведска маса, неограничени пијалаци
  • Група Маестро во живо и двете вечери

Резервирајте ја понудата

Важи до 30.12.2026

Book Now или јавете се +389 46 209 900
Споделете ја понудата